Во Кривичен суд

Судијата во „Титаник“: Груевски не ни е присутен денес, ќе направиме проверка за негова достапност

Груевски не ни е присутен денеска. Со овие зборови судијата Осман Шабани го отвори денешното рочиште за случајот „Титаник“. Тој на присутните им појасни дека освен што во судница го нема Груевски, ги нема и обвинетите Кирил Божиновски и Миле Јанакиески на кои во текот на ноќта Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 им определил мерка притвор.

Судијата Шабани појасни дека известувањето го добил утрово и не успеал да достави наредби до Истражниот затвор во Шутка од каде што требаше да бидат спроведени двајцата притворени во „Титаник“.

Откако обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова побара на Груевски да му се суди во отсуство, а одбраната во „Титаник“ ваквите мерки ги нарече репресивни, судијата Шабани рече дека судот ќе направи проверка за достапноста на Груевски и ќе испрати наредби за спровод на Божиновски и Јанакиески за наредното рочиште кое е закажано за 23 ноември.

Според ова, известување дека Груевски е недостапен на органите на прогонот до судот до овој момент не е пристигнато. Ново рочиште за „Титаник“ на сајтот на СЈО беше закажано за 16 ноември, односно в петок, но судијата Шабани рече дека пратеникот Илија Димовски кој е обвинет во оваа постапка од 16 до 19 ќе бил отсутен на Парламентарно собрание на НАТО.

 К.Д.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе