Во Кривичен суд

Судијата Ставрев на боледување, одложено рочиштето за „Титаник“

Судијата Огнен Ставрев, инаку член на судечкиот совет, поради отворено боледување не дојде на денешното рочиште за предметот „Титаник“ на СЈО во Кривичниот суд, па судењето беше одложено, а ново рочиште е закажано за 19 август.

Во судот денеска дојдоа сите обвинети со исклучок на поранешниот премиер Никола Груевски кој сега е азилант во Унгарија.

Освен Груевски, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здтужување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање избкрна кампања.

Судија во предметот е Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.

Фото: МИА

 

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе