По Илија Димовски и Бришковска доби јавна опомена

Судијата Шабани до обвинета во „Титаник“: Уште еден збор и ќе седите во ходник

По опомената до пратеникот Илија Димовски, јавна опомена од судијата Осман Шабани доби и поранешната заменичка за правда, Билјана Бришковска Бошковска. На денешното рочиште за случајот „Титаник“ додека траеше испитувањето на сведоците предложени од обвинителката Лиле Стефонова, Бришкоска од место дополнуваше еден од адвокатите кој поставуваше прaшање, на што доби опомена од судијата Шабани дека ако каже уште едeн збор ќе седи во ходник. 

Првиот сведок, Виолета Димитровска, која работела во МВР, во одделението за добивање на матични броеви и државјанства, образложи како се одвивала процедурата за добивање на државјанства. Таа појасни дека барањата се поднесувале лично, но посочи и дека имало случај кога процедурата била заобиколена, односно лично таа направила исклучок. 

„И јас направив исклучок по известување од Мунир Пепиќ, кој работеше во истиот објек, но под Министерството за правда, дојде и ми рече дека се враќа од кај мојата началничка Надица Велевска која му кажала да примам барања од лица кои живеат во Брод и Драгаш (Косово), а кои што исполнуваат услов за државјанство, но нема да доаѓаат лично, поради лоша материјална состојба, туку имаат свој претставник кој ќе ги носи барањата, а јас да ги примам. По тоа што ми го кажа се качив кај началничката и кога ја прашав за што станува збор ми рече „што да ти кажам, што да ти речам", рече сведокот.

Димитровска како сведок дополни дека морала да направи исклучок и да ја заобиколи процедурата бидејќи, како што рече, друг избор немала.

Во случајот „Титаник", обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Осомничени се за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе