Главните осомничени со години за во Косово

Судијата од „Монструм“ ќе бара средба со Дескоска за екстрадицијата на бегалците Демири и Исмаиловиќ

Судијата Огнен Ставрев кој ја води постапката за случајот „Монструм“ ќе бара средба со министерката за правда, Рената Дескоска во врска со екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, двајцата првоосомничени за петкратното убиство од 2012 година. Во Кривичниот суд во Скопје денеска судењето продолжи со презентација на докази обезбедени со посебни истражни мерки, на кое јавноста беше искучена.

Пред почетокот на рочиштето судијата Ставрев ги извести присутните дека ќе побара средба со министерката за правда Рената Дескоска, на која ќе бара информација за екстрадицијата на бегалците Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои со години се наоѓаат во Косово.

Случајот „Монструм" во февруари минатата година почна од почеток, откако случајот го презеде СЈО.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм" го презеде Специјалното јавно обвинителство и предметот беше вратен на повторно судење.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе