Второстепениот суд на итен состанок

Судијата Кадриу: По укинувањето на притворот на Јанева добивме порака од Русковска и одржавме колегиум, деталите ќе ги имате во соопштение

Судијата Сафет Кадриу, кој е портпарол на Апелацискиот суд во Скопје, а воедно и судија што постапувал со советот за одлучување на мерката притвор за обвинетата специјална обвинителка Катица Јанева, потврди дека второстепениот суд одржал колегуим по обвинувањата на обвинителката Вилма Русковска, но не соопшти детали. Судијата Кадриу во изјава за медиумите кратко се повика на тоа дека набрзо од судот ќе биде објавено официјално соопштение. 

„Да, одржавме колегиум, но за тоа што се случувало ќе бидете информирани во соопштение, кое набрзо ќе биде објавено на официјалната веб-страница на нашиот суд. Точно е и дека имаше смс порака од обвинителката, но ве молам бидете трпеливи додека да го објавиме соопштението“, рече судијата Кадриу. 

Кадриу не сакаше да коментира за имињата на оние што постапувале заедно со него за одлуката за мерката притвор, ниту пак одговори за тоа што било пресудно за да се преиначи мерката притвор во куќен притвор за Јанева. 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе