Судски совет

Судија од Врховниот суд доби писмена опомена, а запрена е постапката за судија од Кривичниот суд во Скопје

Изрекување писмена опомена за сторена дисциплинска повреда за судија од Врховниот суд и запирање на постапката за испитување одговорност кај судија од Основниот кривичен суд Скопје, се одлуките на денешната седница на Судскиот совет, постапувајќи по две барања за утврдување одговорност кај судија за нестручно и несовесно постапување.

Во кусото соопштение од Судскиот совет, се вели дека во врска со барањето за испитување одговорност кај судија од Врховниот суд, Судскиот совет одлучи да изрече писмена опомена за сторена дисциплинска повреда, додека во врска со барањето за испитување одговорност кај судија од Основниот кривичен суд Скопје, Судскиот совет одлучи постапката да запре затоа што не утврди елементи за нестручно и несовесно постапување.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе