Кривичен суд

Судија на Управниот суд остана без имунитет, но не доби притвор

Судскиот совет попладнево на итна затворена седница донесе одлука да му се одземе имунитетот на судија од Управниот суд заради непречено водење на кривичната постапка. На седницата е донесена и одлука со која не е одобрено барањето за определување  мерка притвор за судијата, кој е осомничен за злоупотреби со предмет за денационализација.

Судијата, како што информираа од Кривичниот суд, се повикал на правото на судиски имунитет откако Обвинителството за организиран криминал и корупција побара од судија на претходна постапка да му одреди притвор.

„До судија на претходна постапа при Основниот суд Скопје 1 – Скопје од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден е доставен предлог за определување мерка притвор за едно лице – судија во Управен суд на Република Северна Македонија заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.5 в.в. со ст.3 и в.в. со ст.1. Со оглед да се работи за судија кој се повикал на правото на судиски имунитет, до Судскиот совет на Република Северна Македонија, како надлежен орган, е доставено барање за одобрување мерка притвор, имајќи го во предвид правото на судиите во вршење на судската функција и уживање имунитет, а согласно член 100 од Уставот во врска со амандманот 27 и 29 и член 65 од Законот за судови. Откако Судскиот совет ќе се произнесе по барањето на Кривичниот суд, судија на претходна постапка ќе одлучува, а странките и јавноста ќе бидат благовремено известени”, пишува во денешното соопштение од Кривичниот суд.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера донесе наредба за спроведување на истражна постапка против судијата.

Од Јавното обвинителство информираа дека осомничениот, во периодот од 10.09.2018 година до 24.01.2019 година, ја злоупотребил својата службена положба и овластувањe и ги пречекорил границите на своето службено овластување, преземајќи дејствија што не смеел да ги преземе, како и непреземајќи дејствија што бил должен да ги преземе, со што сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување" по член 353 став 5 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомниченото лице, како што е наведено во соопштението, претходно како адвокат преземал дејствија и ги застапувал интересите по барање за денационализација на две лица, на чиј правен претходник му бил определен и исплатен надомест за земјиштето што било предмет на барањето за денационализација. Во меѓувреме, осомничениот бил избран за судија на Управниот суд. Во септември 2018 година за предметот за денационализација по кој постапувал во својство на адвокат, до Управниот суд била поднесена тужба, а тој ја земал во работа.

Како претседател на совет, осомничениот, учествувал во донесување на пресуда со која спротивно на одредбите од „Законот за води", „Законот за заштита на Охридското, Дојранското и Преспанското езеро", „Законот за денационализација" и „Законот за Управните Спорови", недвижниот имот – градежно неизградено земјиште во Струга, било вратено во приватна сопственост на барателите, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе