По Извештајот на Стејт департментот

Судиите Вангеловски, Панчевски, Зафировска и Лаличиќ под лупа на Антикорупциска комисија

Државната комисија за спречување на корупција ќе испитува дали постои злоупотреба и коруптивни дејствија кои ги сториле претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, поранешната членка на Судскиот совет Александра Зафировска, судијката Сафија Лаличиќ, Светлана Костова од Вишиот управен суд и поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски.

Судиите се под лупа на ДКСК по извештајот на Стејт департментот, а дали постои злоупотреба ќе се испитува преку проверка на нивните анкетни листови за имотната состојба и доставените изјави за интереси.

„По добиени сознанија од Извештајот за човекови права за 2018 година за Република Северна Македонија за злоупотреба и коруптивни дејства за судии Комисијата за спречување на корупција заклучи да изврши проверка на податоците од анкетните листови за слдните лица, Владимир Панчевски, Јово Вангеловски, Светлана Костова, Александра Зафировска и Софија Лаличиќ. По допрен глас ја испитуваме имотната состојба на Миле Јанакиески, Илија Исајловски и Кирил Божиновски", рече членот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Софка Пејовска, на денешната седница.

Во извештајот е наведено дека помеѓу 2011 и 2015 година четворица судии биле инволвирани во „флагрантно кршење на интегритетот, независноста, стручноста и злоупотреби".

„Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, споделувал клучни информации за активни случаи со политичарите и функционери за судењето. Поранешната претседателка на Судскиот совет, Александра Зафировска, се консултирала со високи владини претставници за избор на политички лојални или подобни судии, судијката во кривичниот суд Софија Лаличиќ, ги следела наредбите од врвот на УБК и сериозно го прекршила етичкиот кодекс на судиите, а управната судијка, Светлана Костова, истовремено работела и како судија и била вработена во УБК.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе