Долго судско образложение за една од најголемите афери во државава

Судиите од „Тврдина-Таргет“: Масовното прислушување не го правеле странски служби, туку се случувало во една од најбитните институции, во УБК

Судот во текот на оваа постапка во целост го почитуваше правото на одбраната и тезата дека прислушувањето се вршело од надвор од странски служби, но ваквите наводи не се докажаа, бидејќи доказите укажуваат дека прислушувањето се вршело со легална опрема во просториите на УБК. Ова е заклучокот кој што вториот судија, Владимир Туфегчиќ кој постапува во случајот „Тврдина-Таргет" го кажапред изрекување на пресудата за овој предмет.

Судијата посочи дека во текот на постапката се анализирани наводите дека дел од обвинетите се опфатени со амнестија, но во оваа фаза на изрекување на првостепената пресуда амнестијата не произведува правно дејство, односно не е процесна пречка за понатамошно водење на провостепената одлука.

„Дел од обвинетите беа опфатени со амнестија, но во оваа фаза, актот на амнестија не произведува правно дејство односно не е процесна пречка за понатамошно водење на првостепената одлука", посочи судијата Туфегџиќ.

Тој побара од одговорните институции да спроведат детална истрага за бегството на Мијалков за да може да се врати довербата во правосудниот систем.

„Без оглед што е обезбедено присуството на Мијалков, очекуваме независна и непристрасна истрага за овој предмет. Независно за кои лица се работи, овозможувањето на темелна истрага со свој епилог ќе значи враќање на довербата, во спротивно ќе имаме систем кој се темели на недоверба од јавноста", додаде судијата Туфегџиќ.

Судијката Џенета Бегтовиќ која е прв судија во судскиот совет кој го овди овој предмет, образложи дека Мијалков и вработени во УБК беа издадени наредби , преку злоупотреба на системите за комуникации овозможиле незаконско следење на комуникациите.

„Внесени се телефонски броеви за кои немало издадени наредби за следење и слушале телефонски разговори. Внесувале телефонските броеви без да побараат на увид издадени судски наредби. Ги повредиле уставно загарантираните права на слобода и неповредливост и сите други облици на приватност на лицата кои ги следеле. Мијалков издавал наредби да се внесуваат телефонски броеви,. Обвинетиот Мијалков поседувал корисничко име и лозинка и ги следел комуникациите на лицата чии телефонски броеви биле внесени во системот. Биле направени посебни гранки во кои се евидентирале телефонските броеви на лицата за кои Мијалков издавал наредби да бидат прислушувани", рече судијката Бегтовиќ.

Таа посочи дека „Тврдина-Таргет" е еден од најголемите, најобемните и најсложените предмети во судството, по долгиот период на извршување на кривичните дела, односно долгиот период на годините кои се опфатени, бројот на сведоци, вештачења, содржината на материјалните докази, докази од високо-техничка природа...

„Во овој предмет биле следени членови на СДСМ, новинари, невладини организации.. Ваквото масовно прислушување се случувало во една од најбитните институции, односно во УБК. Со право јавноста овој предмет ќе го нарече големиот скандал за незаконското прислушување во државава и од него произлегуваат сите други предмети. Затоа и овој предмет имаше приоритет во постапувањето", додаде судијката.

Во текот на судската постапка вкупно беа сослушани 123 сведоци, 807 материјални докази, 217 оштетени...

Судиите образложија дека јавноста во дел од рочиштата беше исклучена со оглед дека се сослушуваа сведоци кои работеа во УБК И МВР.

Судењето е во тек и пресудата ќе биде соопштена по кратката пауза дадена за проветрување на судницата...

К.Д.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе