Обвинителката Стефанова во сведочење за Рекет откри

Судии, политичари, бизнисмени ургирале за Камчев во Империја, меѓу нив и Кацарска

Политичари, бизнисмени, судии и обвинители ургирале во предметот Империја за време на предистрагата за бизнисменот Орце Камчев.

Ова денес го откри обвинителката Лиле Стефанова како сведок во Рекет. Таа од овие лица ја спомна судијката Добрила Кацарска, за која појасни дека се јавувала не лично кај неа, туку кај нејзин колега.

Обвинителката појасни дека цело време додека траел распитот на осомничените во Империја, меѓу кои бил и Камчев, а се одлучувало и за притворот, Кацарска била присутна во судот од утро до утро, сè додека судијката на претходна постапка Весна Димишкова не донесе одлука за побараната мерка.

К.Д.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе