Во Кривичен суд

Судењето за „Талир“ одложено за 28 мај по барање на адвокатот на обвинетите

Судијата Осман Шабани, по барање на адвокатот на обвинетите, Дончо Наков, го одложи денешнито рочиште за предметот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Судењето ќе продолжи на 28 мај.

Според Наков, барањето за одлагање на судењето е поради членот 22 од законот за СЈО кој во моментов се наоѓа пред пратениците во Собранието за негово автентично толкување.

Обвинетиот  Илија Димовски кој е пратеник појасни дека процедурата во Собранието е дека Парламентот не носи одлука дали прифаќа или не иницијатива за автентично толкување туку треба да достави барање за мислење до Владата, а по негово добивање се разгледува на Комисија и се утврдува предлог кој се доставува до претседателот на Собранието кој пак свикува пленарна седница на која се носи  автентично толкување.

Во случајот „Талир“ обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

На Чингаровска нема да ѝ се суди бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе