Судењето за случајот ТНТ продолжува утре, Трајковски денес не дојде во суд

Обвинетиот Тони Трајковски, по дадениот рок од еден час, не се појави на судењето за случајот ТНТ, бидејќи, како што рече неговиот адвокат, отишол на друга клиника за дополнителни прегледи. Поради овие причини судењето е презакажано за утре. 

„Ми се јави дека треба да прави дополнителни прегледи, а треба да прими и вакцина за тетанус, бидејќи бил нападнат со метален предмет“, рече адвокатот Јовица Страшевски, кој посочи дека Трајковски испратил фотографии од повредите.

Претходно беше дадена пауза од еден час по која се чекаше Трајковски да се појави во судница. Но, бидејќе тој не дојде, судско рочиште денес не се одржа. 

Ако случајот ТНТ не заврши до утре, тогаш ќе се врати од почеток, поради завршување на мандатот на една од поротничките.

За уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос" на бизнисменот Фијат Цаноски, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски. 

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе