Кривичен суд

Судењето за „Шпански скали“ го презеде судијката Јанчулевска Михаиловска

Согласно бројот на активни предмети во работа во одделите на Основниот кривичен суд Скопје, како и во Одделението за организиран криминал и корупција, како и бројот на судиите што постапуваат по предметите, со одлука на претседателот на судот направена е промена во годишниот распоред за работа на судиите, информираат од Кривичен суд.

„Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска од Одделот Кривично полнолетни е распределена да постапува во Одделението за организиран криминал и корупција, со што ќе ја превзема римската ознака, односно предметите по кои досега постапуваше судијата Владимир Туфегџиќ, кој беше разрешен по негово барање“, соопштуваат од  Кривичен суд и додаваат дека меѓу предметите кои ги презема новиот судија во одделението е и предметот познат како „Шпански скали“ за кој расправата е закажана за 20 октомври.

Исто така, судијката Јанчулева Михаиловска, ќе го води судењето за предметот „Еразмус“, за кој расправата е закажана за 2 ноември.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе