Поради изминати 3 месеци од последното рочиште

Судењето за насилството во општина Центар вратено на почеток

Судењето за насилството пред Општина Центар денеска почна одново поради изминување на 90 дена од одржување на последното рочиште. Случајот го води судијата Душко Јосифовски, а застапник на обвинението е Фатиме Фетаи која на денешното рочиште побара на Груевски да му се суди во отсуство. 

Адвокатот Димитар Дангов побара, со оглед дека од последното одржано рочиште поминале повеќе од 90 дена, а и дека треба повторно да бидат изведени докази и сведоци, Судот повторно да процени кои докази се процесно важни и неважни со цел постапката што побрзо да заврши.

Судот го прифати предлогот на обвинителот, на Груевски и ги одби предлозите на одбраната за одложување на расправата, за закажување посебно рочиште за образложување на приговорите по изведените докази и за новонастанатата ситуација со оглед на промената на овластениот тужител.

Во „Насилство во Општина Центар" обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранечната советничка од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и осум други лица.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе