Поради отсуство на вештак

Судењето за насилството во Општина Центар одложено за 3 март

Отсуството на вештак од Србија за судскиот предмет за Насилство во Општина Центар, е причина зошто не се одржа денешното рочиште за овој случај. Минатото рочиште обвинителот Гаврил Бубевски го најави вештакот од Белград, откако одбраната на обвинетиот Миле Јанакиески, побара истиот да биде присутен во судница и да го објасни вештачењето за бомбите во овој предмет. Следното рочиште за овој предмет е закажано за 3 март.

Во овој предмет инициран од поранешното СЈО, кој сега се води од скопското обвинителство, се обвинети повеќе лица, меѓу кој и поранешниот премиер Никола Груевски (моментално во бегство во Унгарија), поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и други лица учесници во насилните протести пред Општина Центар во 2013 година.

МИА

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе