Во Кривичен суд

Судењето за „Меѓународен сојуз“ одложено за 3 март, обвинителот бил на друга расправа

Судењето за случајот за незаконско финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, во кој заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица се одложува за 3 март, на барање на надлежен јавен обвинител, заради присуство на друга главна расправа.

„Заради интерес на медиумите кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 49/20 во јавноста познат како ‘Меѓународен сојуз‘ ја информираме јавноста дека по барање на надлежниот јавен обвинител, заради присуство на друга главна расправа, судењето се одлага, за што веќе се известени странките во постапката. Следниот термин за продолжување на главната расправа е на 03.03.2021 година“, пишува во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Случајот го води судијката Софче Гаврилова Ефремовска и се наоѓа во доказна постапка.

За случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе