Судењето за 27 април продолжува на 10 декември, ќе сведочи и Трајко Вељаноски

Судењето за насилството во Собранието на 27 април минатата година продолжува в понеделник, на 10 декември, со сослушување сведоци предложени од одбраната откако судечкиот совет на денешното рочиште ги извести дека прифаќа да бидат изведени и листите на докази предложени на 22 август 2018 година.

В понеделник одбраната на Митко Чавков предложи двајца сведоци, на Душко Лазаров тројца и на Горан Ѓошевски-Леви двајца сведоци, меѓу кои Трајко Вељаноски. Судијката Добрила Кацарска ги задолжи обвинетите сами да ги известат предложените сведоци.

Дополнителни сведоци предложи и одбраната на обвинетите Богдан Илиевски – петмина сведоци, Борис Дамовски и Јане Ченто по еден и Абдулфета Алими, кој го предлага пратеникот Зијадин Села.

На денешното рочиште своја одбрана даваше обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, а на негов предлог беа сослушани и сведоците Дејан Димкоски – Боксер, Веле Петрушевски и Благоја Василевски. Во судот сослушан беше и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски, кој беше спроведен од притвор.

Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.

 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе