Судење за несреќата кај Ласкарци: Прашање на ден беше кога автобусот ќе предизвика сообраќајка

Неисправни автобуси, несоодветни технички прегледи, манипулации со тахографот, несоодветни стручни лица... ова се само дел од можните заклучоци по денешното судско рочиште за сообраќајната несреќа кај Ласкарци кога се преврте автобус на „Дурмо турс" и загинаа 16 лица.

Според сведочењата на дел од вработените во „Дурмо турс“ излегува дека шефот на возниот парк имал само основно образование, без стручна обука или курс за раководење со автобусите на компанијата.

Освен тоа на дел од автобусите биле ставени уреди за манипулација во тахографот, кои возачите ги активирале со прекинувач, за да не се прикаже реалната брзина на движење. Ова значи дека возачите со активирање на прекинувачот во секое време можеле да прикажат сосема други вредности за моменталната брзина на движење.

Обвинителот Дарко Јакимовски констатира дека никогаш не се случило автобус да не го помине техничкиот преглед заради технички неисправности. Само годинава констатирани се неисправности кај 80 автобуси кои биле на контрола, рече Јакимовски.

Автобусот што се превртел кај Ласкарци воопшто и не требало да биде пуштен во сообраќај. Прашање на ден беше кога ќе се случи некаква несреќа со тој автобус, дополни обвинителот и додаде дека преку овој настан општеството во целина мора да извлече поука.

Во овој случај обвинети се сопственикот на „Дурмо Турс“ Дурмиш Белули, вработениот во „Дурмо Турс“, Ремзи Мифтари кој претходно бил осудуван, машинскиот инженер порано вработен во техничкиот преглед, Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски, Јане Боваровски и возачот Маноил Трифуновски.

Предметот го судат Диана Груевска Илиевска и Александра Ристеска и тројца судии поротници.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе