Судот со опомена до ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски и Јанушев биле презафатени со кампањата, „Талир“ пак одложен

Поради отсуство на Игор Јанушев и Наум Стоилковски, кои се овлестени претставници на ВМРО-ДПМНЕ, судењето за предметот „Талир" на Специјалното јавно обвинителство беше одложено за 16 мај 2019 година. Јанушев и Стоилковски не можеле да дојдат на судењето поради ангажмани во политичката кампања. Ова е петто одложување на судењето. 

Пред почетокот на рочиштето, бранителот на еден од обвинетите, Донче Наков, го извести претседателот на судечкиот совет Осман Шабани дека поради обврски околу кампањата за претседателските избори, претставниците на партијата нема да можат да присуствуваат на судењето.

Обвинителката Ленче Ристовска рече дека ова е обид на обвинетите да го одолговлекуваат судењето поради фактот што денеска го известуваат судот, а не порано и предложи партијата да овласти повеќе лица кои би можеле да присуствуваат на рочиштата.

Судијата Шабани го одложи судењето и јавно ја опомена партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Во случајот „Талир" обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања" и „перење пари", како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари". За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

На Елизабета Чингаровска нема да ѝ се суди бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

Ова е петто одложување на судењето за „Талир“ кое никако да започне. Минатото рочиште беше одложено поради тоа што адвокатите немале изјави на 26 сведоци.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе