По повеќе од 4 месеци од трагедијата во Тетово

Стигна германското вештачење за пожарот со 14 жртви, сега се чека превод, па анализа, па одлука дали ќе има истрага

Обвинителите кои постапуваат во случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово во кој животот го загубија 14 лица, а кој се случи пред повеќе од 4 месеци, го добија Извештајот од германските експерти. Ова вештачење беше побарано преку меѓународна правна помош. Сега се чека добиениот документ да се епреведе, па потоа да може да се анализира и да се донесе одлука. За сега нема отворено истрага против никого, туку се води предистражна постапка. 

Поранешниот премиер Зоран Заев лани, на почетокот на октомври побара од МВР да го објави извештајот кој што го испратиле до Обвинителството, а кој се однесува и е дел од истрагата за пожарот во Тетово во кој загинаа 14 лица.

Заев рече дека јавноста очекува одговори, а порача МВР треба да го објави извештајот, а Обвинителството да продолжи со истрагата.

Вештачењето тогаш утврди дека пожарот во тетовската модуларна болница настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат, соопштија ден по барањето на Зев од Јавното обвинителство.

„Во Основното јавно обвинителство Тетово доставен е Извештајот од извршено вештачење на траги од пожарот во Модуларната ковид болница во Тетово, изработен од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи. Согласно издадената Наредба од Основното јавно обвинителство Тетово, вештачењето утврдува постоење траги од електрична куса врска на доставениот материјал подигнат при вршење на увидот на самото место на пожарот, како и траги што се значајни за утврдување на причината поради која настанал пожарот во Модуларната болница, во кој животот го загубија 14 лица, информира од Јавното обвинителство.

По воочена појава на пламен, отенцираат од ЈОРСМ, присутниот медицински персонал презел обид за гаснење, но настанало бурно ширење на пожарот по целиот објект, простирајќи се по кровните панели кон ниските предели на панелните ѕидови и болничкиот инвентар.

„Со оглед на тоа што сите хоспитализирани пациенти биле приклучени на централниот довод за кислородна поддршка, а со тоа и процентуалното присуство на кислород во целиот болнички простор било зголемено, како и поради настанато оштетување на кислородната инсталација во текот на пожарот, огнот се проширил по целиот објект за многу краток временски период. Кон ова придонел и фактот што во поткровниот простор на објектот не постојат прегради помеѓу модулите/просториите и кон ходникот кои би го успориле пренесувањето на огнот“ беше соопштено од Обвинителството.

Од Јавното обвинителство посочуваат дека ова вештачење е само еден од досега обезбедените докази и најавуваат дека се очекува во Основното јавно обвинителство Тетово да пристигнат извештаите и податоците за кои обвинителството има издадено наредби и насоки и до други надлежни институции, како и вештачењето кое треба да пристигне согласно побараната меѓународна правна помош од експертски тим од Република Германија.

Велат дека обвинителството и натаму интензивно постапува по предметот и се преземаат и други дејствија за целосно расчистување на настанот.

Пожарот во тетовската модуларна болница се случи лани, на 8 септември неколку минути после 21 часот.

Во трагедијата, животот го загубија 12 пациенти и две лица кои во моментот биле во објектот.

Сега се чека да се направи анализа на сите докази и да се донесе одлука за тоа дали и против кого ќе има истрага. За сега трае предистрага за овој настан. 

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе