Жалбата не е прифатена

Стевчо Јакимовски останува во куќен притвор

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски останува во куќен притвор и му се забранува комуникација со лица опфатени во кривично-правниот настан. 

„Постапувајќи по жалба на одбраната и обвинетиот, Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција за С.Ј. ја одби жалбата, ја потврди мерката куќен притвор и дополнително му определи мерки и тоа забрана за комуникација со лица опфатени со кривично-правниот настан и забрана за употреба на средства за комуникација без дозвола на судот”, изјавиле за МИА од Кривичниот суд. 

За В.С. и Т. Ѓ. Кривичниот совет ги потврдил решенијата во целост. 

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе