На судењето за „Траекторија“

Стефанова му порача на Јанакиески дека сам си го уништува животот, тој возврати: „Ова не е живот“

Обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова на денешното рочиште за случајот „Траекторија“ му рече на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески дека сам си го уништува животот, на што тој возврати дека тоа што го живеел не било живот. Тој е обвинет во случајот „Траекторија“, а и во неколку други предмети, меѓу кои и оној за организирање на нападите од 27 април. Јанакиески десетина дена штрајкува со глад во Истражниот затвор во Шутка каде ја издржува мерката притвор.  

Денешното рочиште за случајот на Специјалното јавно обвинителство „Траекторија"  е одложено бидејќи не дојде повиканиот вештак кој требаше да даде стручно мислење за направеното вештачење во предметот.

Судот одлучи следното рочиште да се одржи по летните одмори, на 3 септември.

Во „Траекторија" им се суди на поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор за државни патишта Љупчо Георгиевски.

Според обвинителниот акт тие во 2012 и 2013 година ги пречекориле своите овластувања во постапката за избор на компанија за изградба на автопатските делници до Штип и Охрид.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе