Осомничените во „Империја“ добија негативно мислење

Стефанова им кажа „не“ на Камчев и Панделевски за нови времени пасоши

Обвинителката Лиле Стефанова од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција даде негативно мислење за на осомничените Јордан Камчев и Цветан Панделевски да им биде издаден нов времен пасош, потврдуваат за МКД.мк од Обвинителството. Ова значи дека Стефанова не се согласува овие двајца осомничени во постапката за „Империја“ да можат да добијат можност легално да ја напуштат државава. 

Бизнисменот Камчев на 2 мај годинава од специјалната обвинителка Катица Јанева доби согласност да му се уважи предлогот и да му биде издадена патна исправа со ограничен рок на важење.

Пред неколку дена откако истече валидноста на овој документ тој поднесе барање за нова патна исправа. Но, сега наместо Јанева, позитивно мислење за тоа треба да даде Стефанова која додека беше обвинител во редовите на СЈО не се согласуваше со ставот на Јанева ниту во врска со укинување на мерката притвор за Камчев, ниту со позитивното мислење за времен пасош. 

Специјалната обвинителка Јанева на 22 март годинава даде согласност на осомничениот Панделевски да му се уважи предлогот и да му биде издадена патна исправа со ограничен рок на важење. 

И тој поднесе барање за нова времена патна исправа, но не доби согласност од Стефанова. 

Поднесените барања за нови пасоши со ограничен рок заедно со мислењето од Стефанова се испратени во Основиот кривичен суд во Скопје од каде треба да донесат одлука. 

Докази за криминалот во случајот „Империја“, СЈО обезбедило и преку ПИ-мерки, односно во периодот од јуни до октомври 2018 ги прислушува осомничените, но не и Сашо Мијалков. Освен овие докази, има и искази на сведоци.

Специјалното јавно обвинителство три месеци по отворањето на истрагата за „Империја" врз основа на голем број докази успеало да потврди, како што велат од таму, околу 90 отсто од сомнежите за овој случај во кој се осомничени Орце Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.

К.Д.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе