Обвинителката на СЈО не го менува ставот

Стефанова децидна, цврсти докази има и истрагата за “Империја“ ќе продолжи

Обвинителката на Специјалното јавно обвинителство, Лиле Стефанова која ја води постапката за случајот „Империја" стои цврсто на ставот дека ќе продолжи да го застапува овој предмет, како и да води истрага за истиот. Во изјава за МКД.мк обвинителката Стефанова вели дека не отстапува од истрагата за случајот „Империја" за која, како што нагласи има цврсти докази. 

По вчерашното приведување на Бојан Јовановски и Зоран Милевски во јавноста се појавија и, за сега неофицијални информации дека парите за рекет кои ги барал Боки 13 се од Орце Камчев и дека постои можност обвинителот од СЈО со кои преговарал да е токму шефицата на СЈО, Катица Јанева.

За сега овие информации никој ниту ги потврдува, ниту ги демантира. 

Вчера се појавија информации дека се врши претрес и во домовите на Јанева и Стефанова, но обвинителството ги негираше ваквите информации. Од таму изјавија дека и е одземен само мобилниот телефон на Јанева. 

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вчера депонира оставка на функцијата и таа ќе биде активирана во моментот кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат нејзиниот наследник.

„Империја" е истрага против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело. Осомничените се товарат дека кривичните дела ги сториле во периодот од 2002 година до 2013 година.

СЈО во случајот „Империја" за перење пари дојде до матичните броеви на многу фирми, во Македонија и во странство, кои имаат слични имиња и чии управители и називи се менувале на речиси 6 месеци.

Разговорите од „бомбите" што ги воделе Оливера Трајковска, Миле Јанакиески, Ана Камчева и Влатко Мијалков го одведоа СЈО до „Империјата" на Орце Камчев и Сашо Мијалков, каде што клучна година е 2009.

Но, следејќи ја трагата на доказите, обвинителите на СЈО се враќаат и назад во 2002 и стасуваат до папките на стари предмети во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во Скопје. Главен осомничен во овие предмети е Орце Камчев, а првиот отворен предмет е за локација зад „Рамстор".

Бизнисот меѓу Камчев и Мијалков почнува да се распаѓа во октомври 2017, а се разделуваат на почеток на јуни 2018 година.

Обвинителката Стефанова во изјава за медиумите во ноември, 2018 рече дека во државава нема недопирливи, дека истрагата за „Империја" ќе се проширува и ако СЈО процени дека има какви било индиции ќе биде побара мерка притвор и за други лица, вклучувајќи го и Сашо Мијалков.

Трагата на криминалот со парите преку фирмите на осомничените продолжува, велат од СЈО. Случајот „Империја“ е во фаза на истрага и за сега се уште нема поднесено обвинение. 

К.Д.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе