Седница на Советот на јавни обвинители

Стефанова, Ајро и Пеливанов кои беа дел од СЈО се избрани за обвинители во ОЈО ГОК, Фетаи не доби доволно гласови

Петмина од вкупно 14 јавни обвинители кои се пријавиле на огласот за обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, се избрани за во ова обвинителство. Совет на јавни обвинители денес за јавни обвинители во ОЈО ГОК ги избра обвинителите од поранешното СЈО, Лиле Стефанова, Артан Ајро и Трајче Пеливанов, како и обвинителките Катерина Коларевиќ и Наташа поп Трајкова. Обвинителката Стефанова веќе работеше во ОЈО ГОК пред да влезе во тимот на СЈО. 

Пријавени на огласот беа и обвинителката Фатиме Фетаи, Елизабета Јосифовска и Љубомир Лапе, кои исто така беа дел од тимот на СЈО, но тие не го добија потребното мнозинство и не а беа избрани за јавни обвинители во ОЈО ГОК со кое раководи обвинителката, Вилма Русковска.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски рече дека вкупно 14 јавни обвинители се пријавиле на огласот и конкурирале за изборот, а со проверката е утврдено дека сите имаат непрекинат работен стаж од најмалку 4 години и сите се со позитивна оценка.

Обвинителката Лиле Стефанова за прв пат е избрана за обвинител во ОЈО Радовиш од каде работела од 2004 до 2010. По ова до 2015 е обвинител во ОЈО ГОК, а потоа од 2015 до 2019 е избрана за обвинител во СЈО. Таа има работен стаж како обвинител од 16 години и е оценета со највисоката оценка, односно со 25 поени. За овбинител во ОЈО ГОК, Стефанова декес е избрана за вкупно 10 гласа „за“ и само 1 глас против. 

Обвинителот Артан Ајро за прв пат е избран за обвинител до ОЈО Скопје во 2012 година каде останал до 2015 кога влегува во тимот обвинители на СЈО до 2019 СЈО. По згаснувањето на СЈО, тој е обвинител во ОЈО Скопје. Како обвинител има стаж од 8 години и за работењето добил највисока оценка од 25 поени. Во јавен обвинител во ОЈО ГОК е избран со 11 гласа за. 

Обвинителот Трајче Пеливанов за обвинител прв пат е избран во ОЈО Скопје 2009 година каде работи до 2015 година, по што влезе во тимот на СЈО до 2019 година. Како обвинител има работен стаж од 11 години и највисока оценка за своето работење. За јавен обвинител во ОЈО ГОК е избран со 11 гласа за.

Со 11 гласа за за обвинители во ОЈО ГОК беа избрани и Катерина Коларевиќ и   Наташа Поп Трајкова.

Фатиме Фетаи за прв пат била избрана за обвинител во ОЈО Скопје во 2011 каде работела до 2015 кога стана дел од тимот на Катица Јанева. Има работен стаж како обвинител од 8 години и 8 месеци.

За Фетаи гласаа само четворица членови за Советот ја јавни обвинители и таа не го доби потребниот број на гласови за да биде избрана за обвинител во ОЈО ГОК. Ист број на гласови доби и Љубомир Лапе кој исто така беше дел од тимот на СЈО и кој денес не беше избран за обвинител со ОЈО ГОК. 

К.Д.

 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе