Како сведок во Обвинителството за организиран криминал

Стефанова 5 часа даваше исказ за „Рекет“, не кажа детали за сведочењето

Специјалната обвинителка Лиле Стефанова, денеска пет часа сведочеше во Обвинителството за организиран криминал, како сведок во случајот „Рекет“ откако нејзиното име беше споменато во аудио снимките што ги објави италијанскиот весник „Ла верита“.

Откако даде исказ во Обвинителството, Стефанова пред новинарите кусо изјави дека дошла во својство на сведок и дека не може да сподели информации со јавноста, имајќи го предвид нејзиниот статус на сведок.  

„Сосема сум свесна за големиот интерес за истрагата „Рекет“ и сите допирни точки на истрагата за „Рекет“ со истрагата за „Империја“. Сѐ што можев да споделам со јавноста јас споделив во даденото соопштение во петокот.

Денес дојдов овде како сведок. Од 9 часот па до сега, отприлика пет часа. Дадов исказ како сведок и сѐ што ми е познато за овој случај го изнесов пред надлежниот јавен обвинител.

Имајќи го предвид мојот статус на сведок и тајноста на истрагата не можам да дадам ниту една друга изјава освен она што веќе сум го кажала“, рече Стефанова пред медиумите.

Во Обвинителството се најавува дека ќе биде повикана и специјалната авна обвинителка Катица Јанева, нои засега нема потврда за терминот на нејзиното сведочење. 

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе