Кривична пријава против обвинителката Трајчева

Станчев за МКД.мк: Се сомневам дека Трајчева не постапувала сама

Сопственикот на фирмата „Инвока груп", Даниел Станчев, кој за Владата ги набави софтверите за мерење брзина на возилата, за кој е обвинет заедно со поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски денеска поднесе претставка и кривична пријава против обвинителката Ивана Трајчева. Тој во изјава за МКД.мк вели дека се сомнева дека Трајчева не е единствената што незаконски постапувала во овој случај.

„Кривичната пријава е поднесена до ОЈО ГОКК затоа што се сомневам дека обвинителката Трајчева не била сама во сето ова и дека имало и други соучесници. Истражителите не би можеле сами да постапуваат ако немале наредба од Трајчева. Оставам и се надевам дека надлежните обвинителства ќе си ја завршат работата и точно ќе ја утврдат фактичката состојба", вели Станчев за МКД.мк.

А во претставката и кривичната пријава што се испратени до Совеот на јавни обвинители, до Републичкиот јавен обвинител и до обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Станчев ја обвинува обвинителката Трајчева за самоволие.

„На осми ноември годинава поради моето нарушено здравје беше одложено рочиштето на осми ноември годинава, за што беше информиран судечкиот совет со поднесување на уредна медицинска документација. Три дена подоцна добив информација дека предметната јавна обвинителка Ивана Трајчева издала наредба на двајца истражители – полицајци во ОЈО ГОКК да прибават документација и информација за мојата здравствена состојба и да напишат извештај за истата, како и други податоци поврзани со мене како пациент од ординацијата каде е мојот матичен лекар "Интергин" Скопје, во општина Шуто Оризари, која е моја матична амбуланта веќе скоро 6 години. Со ваквото постапување, надвор од своите овластувања, Ивана Тајчева направила груба повреда на Кривичниот законик со извршување на кривично дело од член 353, како и повреда на низа одредби од Законот за кривична постапка. Имено, во услови кога е очигледно дека е затворена истрагата по кривичниот предмет, преземање на истражни дејствија надвор од опфатот на кривичното дело за кое се товарам е најблаго речено самоволие. Исто така, обвинителката Трајчева постапила и спротивно од Законот за заштита на лични податоци затоа што личните податоци се обработуваат само само по претходно добиено одобрение од страна на Агенцијата за заштита на лични податоци. Според моите сознанија обвинителката не добила одобрение за обработка на моите лични податоци", пишува во пријавата на Станчев.

МКД.мк контактираше и со обвинителката од ОЈО ГОКК, Ивана Трајчева. Таа вели дека не добила ништо поврзано со наводите на Станчев.

„За што точно станува збор треба да го прашате подносителот на претставката и на кривичната пријава. Тоа се две различни работи кои се поднесуваат на различен начин а и постапката по нив е различна", вели Трајчева.

Во случајот „Софтвер" се обвинети седуммина. Покрај Рашковски и Станчев обвинети се уште и Ивица Димитровски, Игор Христов, Ирена Ивановска, Игор Ивановски и Маја Силјановска.

Според обвинението обвинетите набавиле два софтвери, за сообраќајни прекршоци и за биометриска идентификација, нешто што Владата ниту ги побарала ниту ги користела. Исто така, обвинението опфаќа и исплата на хонорари за коишто обвинителството тврди дека биле незаконски исплаќани. 

И.О.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе