ЈО

Специјалните обвинителки на распит, Jанева чека покана, Стефанова и Јосифовска дадоа изјави за „Рекет“

Во Обвинителството за спречување на организиран криминал и корупција изјави за случајот „Рекет" веќе дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска. Се чека и поканата за Катица Јанева, но засега од Јавното обвинителство не откриваат дали и кога ќе биде повикана нивната шефицата на СЈО.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вели дека однапред не објавуваат кој кога ќе биде поканет поради непречено одвивање на истрагата и обезбедување на доказите.

Исказ во својство на сведок вчера во ЈО даде обвинителката Лиле Стефановска, која заедно со Катица Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.

Стефанова по петчасовниот распит во обвинителството изјави дека со надлежниот обвинител споделила сѐ што ѝ е познато за случаите „Империја“ и „Рекет“.

„Сѐ што можев да споделам со јавноста јас го споделив во даденото соопштение во петокот. Денеска дојдов овде во својство на сведок. Околу пет часа давав исказ како сведок и сѐ што ми е познато за овој случај го изнесов пред надлежниот јавен обвинител. Имајќи го предвид мојот статус на сведок и тајноста на истрагата не можам да кажам нешто друго од она што веќе го имам споделено“, изјави вчера Стефанова на излегување од Обвинителството.

Завчера за случајот „Рекет“ во ЈО сведочешеи обвинителката Елизабета Јосифовска од Специјалното јавно обвинителство. Таа е потписник на документот за враќање на пасошот на осмоничениот во „Империја“, Орце Камчев. Јосифовска тогаш изјави дека одлуката била на Јанева и таа како нејзина заменичка била должна да ја потпише, бидејќи ја заменувала додека била на одмор.

Истрагата за „Рекет“ во Јавното обвинителство ја води шефицата на организиран криминал Вилма Рускоска, која по годишниот одмор од денеска е на работа.

Засега единствените осомничени за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски и Зоран Милески остануваат во притвор, откако вчера Кривичниот совет при Основниот кривичен суд им ја продолжи мерката за уште 30 дена.

Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Зоки Кичеец, обвинителството ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за  „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе