Случај „Рекет“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанeва од вечерва во притвор во Шутка

Катица Јанева, првиот човек на Специјалното јавно обвинителство вечерва со полициско комбе беше спроведена во затворот „Скопје" во Шуто Оризари.

Судот на Јанева ѝ одреди 30 дена притвор за случајот „Рекет“ на барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Обвинителката Вилма Русковска изјави дека собрала доволно докази и ќе докаже дека Јанева го сторила кривичното дело злоупотреба на службената положба.

Осомничената специјална обвинителка утре во полициска придружба ќе биде однесена на погребот на својата мајка во Гевгелија.

    

 

 

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе