Правосудство

Советот на обвинители му ја префрли топката на Јовевски за евентуална казна за Русковска за СМС пораката до судиите

Советот на јавни обвинители нема да поведе дисциплинска постапка за однесувањето на шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал Вилма Русковска, која пред два дена испрати СМС порака до апелациските судии дека „ќе ги истресе од гаќи" што ја пуштиле Јанева во домашен притвор.

Претседателот на Советот Ацо Колевски за ТВ24 изјави дека тие немаат законски надлежности да преземат конкретни мерки за утврдување на одговорност. „Покренувањето на каква било постапка за евентуална одговорност го прави јавниот обвинител на Република Македонија и тој прави проценка“, се вели. Во таква ситуација Советот на обвинители е второстепен орган и тука може да одлучува по евентуална жалба

Советот на ЈО денска доби писмо од обвинителката Вилма Русковска која во детали ја опишала ситуацијата и мотивот да им испрати на апелациските судии СМС порака во која им најавува дека ќе „ги истресе од гаки" со финансиска истрага што ја пуштиле Катица Јанева од Шутка во домашен притвор. Од Јавното обвинителство веќе информираа дека СМС пораката на Русковска не била закана, туку момент на нервоза и разочарување од одлуката на апелациските судии.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе