Во Кривичниот суд

Се сослушуваат сведоци на одбраната на Јанакиески за настаните од 27 април

Со сослушување на сведоци предложени од одбраната на Миле Јанакиески во Кривичниот суд продолжи судењето за организаторите на случувањата во Собранието на 27 април 2017 година. Оливер Деркоски не членувал во вибер-групите поврзани со настаните и немал комуникација со обвинетите. Владимир Неловски бил вечерта на партиски состанок на кој зазеле став да се осудат насилствата,

Оливер Дерковски, како сведок, рече дека во периодот 2016-2017 година немал функција, а бил член на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Иако бил член на повеќе вибер групи, рече дека не членувал во група поврзана со случувањата пред Собранието, како и дека немал никаква комуникација во врска со протестите на „За заедничка Македонија" со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Сведокот Владимир Неловски рече дека на 27 април 2017 година, по завршување на работното време бил о ресторанот „Баба Цана" заедно со Диме Спасов и Владимир Стојковски. Откако виделе што се случува, околу 19 часот се упатиле пред Собранието, каде останале до 21 часот.

„Бидејќи имавме најава за седница на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а јас тогаш бев член, се упатив во штабот на осмиот кат. Имаше присутни повеќе луѓе. Таму се сретнав со Спиро Ристовски, Миле Јанакиески, Зоран Ставревски и повеќе тогашни функционери на партијата, изјави Неловски.

Седницата на Извршниот комитет започнала некаде после полноќ.

„Заклучок на седницата беше дека насилствата треба да се осудат и дека најголем губитник од случувањата е партијата ВМРО-ДПМНЕ. Седницата траеше до раните утрински часови и после неа изјава даде и тогашниот претседател на партијата Никола Груевски. Потоа си заминав дома", изјави сведокот.

На денешното рочиште треба да бидат сослушани уште шест сведоци.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Ивана Трајчева.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста".

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе