Основен кривичен суд Скопје

Сопственикот на „Пелистер“ сведок во „Меѓународен сојуз“: Му верував на Бојан, дадов 720.000 евра за домовите

Бизнисменот Силјан Мицевски, сопственик на компанијата „Пелистер“, на денешното сослушување на рочиштето за случајот „Меѓународен сојуз“ изјави дека сумата од 720.000 евра што ја дал за проектите за домови за стари лица, не му е вратена.

Тој истакна дека ако заврши вака, ќе се чуствува измамен, додавајќи дека на една од средбите во „Меѓународниот сојуз“ му било речено оти зад проектот со домовите за стари лица стои Владата.

„На еден состанок на „Меѓународниот сојуз“ јас прашав како може да се откупи земјиште без градежно одобрение и тука ми беше кажано дека тоа е проект на Владата и ќе оди со европско знаме, изјави сведокот Мицевски, додавајќи дека не се сеќава кој точно му го кажал тоа.

Во својот исказ пред Судот тој уште изјави дека имал голема доверба во Бојан Јовановски.

Проектот за изградба на домови за стари лица во Битола не е реализиран заради локалните власти, додаде бизнисменот Силјан Мицевски на вкрстеното испрашување од страна на обвинетиот Бојан Јовановски. 

„Земјиштето во Битола, е во сопственост на фирмата, не е моја лична сопственост. Тоа го купив во јавен оглас. Комуналите беа платени. Јас сум убеден дека нереализирањето во Битола, е заради локалните власти“, изјави сведокот Мицевски.

Во продолжение на својот исказ тој рече дека Владата во ниту еден момент не пружила помош за реализација на овој проект.

„Од ветувањата дека Владата ќе направи нешто, немаше ништо. Ако е владин проектот требаше заеднички да го тераме. Договорот што го потпишавме не е реализиран, ниту се обезбедени документи, дозволи, ниту парите се вратени“, одговори Мицевски.

Со денешното испитување на сведокот Мицевски, заврши постапката на изведување на докази од Обвинителството.

Следното рочиште за случајот ,,Меѓународен сојуз“ е закажено за 6 мај, кога и ќе почне постапката на изведување на материјални докази од одбраната.

Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, таткото на прво обвинетиот, Миле Јовановски и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за „измама и перење пари". Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, а Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари", Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари" и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје". Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз".

МИА

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе