Протест од „Скендербег“ до Судот

Со транспарент „Сме и секогаш ќе бидеме заедно УЧК“ се бараше правда за осудените од „Диво Насеље“ (ФОТО)

Со транспаренти испишани на албански јазик „Да запрат испитувањата со двојни стандарди", „Сме и секогаш ќе бидеме заедно УЧК", „Стоп за селективната правда",„Слобода за Арсим Бајрами" група демонстранти побараа, како што велат, правично судење на лицата инволвирани во случајот, а до судиите испратија порака да ги имаат предвид доказите кои во досегашните постапки биле отфрлени. На протестот се носеа и албански знамиња и карта на Голема Албанија. 

Денес се навршуваат четири години од настаните во кумановското Диво Насеље и незавршениот судски процес за овој настан. Демонстрантите тргнаа од од плоштадот „Скендербег" во Скопје и се упатија пред зградата на Основниот суд Скопје 1.

Протестот се одржа под мотото „Против двојни стандарди и против дискриминација и сегрегација на Албанците". 

Освен фотографии од осудените од Диво Насење, меѓу транспарентите имаше и фотографија со ликот на малиот Алмир кој почина откако беше прегазен со автомобил. Правда се бараше и за овој случај. 

На обвинетите за тероризам и терористичка организација првостепениот суд им изрече посебни затворски казни за двете кривични дела, по што, согласно со Законот за кривична постапка, судот им утврди единствени казни затвор.

ФОТО: Роберт Атанасовски 

 

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе