Во Кривичниот суд

Со сослушување сведоци на обвинителството продолжува судењето за „Титаник“

Со сослушување на сведоци, предложени од обвинителството денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“.

Судскиот предмет „Титаник“ е еден од првите случаји отворени од поранешното СЈО, меѓутоа иако е изминат голем период од почетокот на постапката судењето сѐ уште е во фаза на изведување докази. Од вкупниот број на вербални докази предложени од обвинителството до крај на ова фаза свој искази се очекува да дадат уште 50-тина сведоци.

Судењето за овој предмет го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска.

Според обвинението како осомничени за разни кривични дела поврзани со незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и за нарушување на изборните процеси во 2011 и 2013 година осмоничени се 20 лица. Меѓу нив се и поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Мартин Протуѓер, Илија Димовски и други.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе