Со слушање на „бомбите“ почна рочиштето за „Титаник 3“

Со изведување на материјални докази, поточно со слушање на разговори од „бомбите", во Кривичниот суд почна рочиштето за предметот „Титаник 3" на СЈО, во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година „уништувале изборен материјал".

Обвинителот Гаврил Бубевски побара согласност од обвинетите и одбраната да не се повторува изнесувањето на  материјалните докази, кои веќе двапати се изнесуваа пред претходниот судечки совет. Побара сето тоа да се пренесе од минатиот записник со што, како што рече, не би се повторувал.

Обвинетите не се согласија со предлогот на обвинителот и продолжи изведувањето на материјалните докази. Во една од бомбите се слушна како двајца разговараат за изборите, при што едниот му вика на соговорникот да гласа за Струмица бидејќи ќе биде потребно и за Чаир.

Бубески презентираше извештаи на избирачки одбори од  локалните избори во 2013 кои содржат сумирани резултати за изборот на градоначалник на Општина Чаир, кои пак, како што рече обвинителот, видливи се поправки на документите кои докажуваат како не треба да се водат записници.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе