Со протестен марш се будеше Обвинителството: „Додека жените не се слободни, сите сме заробeни“

Со транспаренти „Додека жените не се слободни сите сме заробени", „Држава што угнетува е држава што силува", „Јавна соба е кривично дело", „Ти не си виновна", „Полицајците треба да не штитат, а не да бидат дел од Јавна соба" денеска во Скопје се одржа протестен марш за поддршка на жртвите од групата „Јавна соба". Со гласна порака „Разбуди се ОЈО" учесничките на протестниот марш му порачаа на Обвинителството дека не треба да спие, туку треба да си ја врши својата работа.

Протестот почна пред зградата на Министерството за внатрешни работи и заврши пред зградата на Основнот јавно овинителство во Скопје.

Организатор на маршот е Платформата за родова еднаквост, и тие заедно со поддржувачите на протестот, побараа и внесување на злоставувањето преку социјалните мрежи и на интернет во Кривичниот законик.

Во своето обраќање адвокат Марта Гусар која застапува и е вклучено во борба на жртвите на родово базирано насилство, рече дека и самата таа била жртва на „Јавна соба".

„Здраво на сите. Јас сум Марта Гусар, адвокатка, но и жртва на „Јавна соба". Мојот службен број беше споделен во оваа група, како што напишале „за дискретни средбички". Откако се случи тоа да мојот број се најде во оваа друга, во првите два часа не можев да се соземам дека тоа мене ми се случува, а може да му се случи секому. Пријавив веднаш со сликање на екранот од пораките кои ги добивам, како и испраќање на фотографии и броевите кои ми пишуваа. Пријавив за сексуално вознемирување. Како адвокат си ги знам своите права како да се заштитам, но не секој може да се заштити и да постапи на ист начин како јас. Со оглед дека за 2 часа се најдоа сторителите, се најде кој го споделил бројот во таа група, апелирам до сите институции да имаат еднаков третман и за неуките странки и лаици, така и со оние кои ги знаат своите прави. Една од работите кои мора да ги знаеме е дека „Јавна соба" не е забава, туку е класично кривично дело и треба да се третира како такво. За да им ја направиме забавата поголема во „Јавна соба", апелирам сите жртви да пријават сексуално вознемирување. Да ги меморираат телефонските броеви со самиот телефонски број и со имиња и презимиња. Секое пријавување не е пријатно чувство ниту состојба, па да видиме дали ќе им биде се уште забава", порача адвокатката Гусар.

Таа додаде дека ако нема начин како државата да ги заштити, жртвите можат тоа да го направат, односно да пријават во најблиската полициска станица. Таму да побараат да потпишат записник и да им биде даде копија од овој записник.

Критика упатија и дека пријавите завршуваат со пријави, а не со епилог на пријавите и кривичните постапки и порача дека жртвите не се сами.

На протестниот марш се почитуваа сите мерки за заштита од ковид-19. Групата „Јавна соба“ се појави минатата година и до сега за овој случај нема завршница, ниту пак некој одговарал. Овој настан стана актуелен пред неколку дена кога почнаа да се појавуваат нови жртви и монтирани фотографии н девојки кои им беа украдени од социјалните мрежи. Во прилог на тоа им беа споделени и телефонските броеви како и лажни информации дека нудат сексуални услуги.

Фото: Роберт Атанасовски 

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе