ОЈО ГОК со детали за поднесеното обвинение

Со парите од кривичното дело Рашковски си покривал кредити, сопствените и семејни сметки и банкарски картички

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денес официјално соопшти дека е поднесено обвинение против поранешниот Генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. ОД таму велат дека по неколкумесечна истражна постапка надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе обвинение против седум лица.

На првообвинетиот му се става на товар дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело, второ и трето обвинетите се товарат за помагање во извршување на кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување, додека останатите лица се обвинети дека помагајќи сториле по едно кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување.

„Во временскиот период од јуни 2017 година до февруари 2021 година, во Генералниот секретаријат на Владата на Р.С.Македонија, првообвинетиот, како службено лице, со умисла помогнат од второ и трето обвинетите, надворешни соработници, искористувајќи исти прилики, тројцата извршиле повеќе временски поврзани дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.

Првообвинетиот не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, јавна набавка на Софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки – ANPR камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на работи – метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици. Во една од постапките за јавна набавка, со умисла во сторувањето на кривичното дело му помогнал и четвротообвинетиот, сопственик и управител на економски оператор.

Првообвинетиот јавните набавки ги спровел спротивно на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на јавните средства, утврдени во согласност со прописите што го уредуваат користењето на буџетските средства, дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка во консултации со подизведувач и со учесници во постапката, во текот на постапката за јавната набавка комуникацијата не ја вршеле со користење на електронски средства преку ЕСЈН, туку лично, дефинирал технички спецификации што упатуваат на конкретен патент, не извршил имплементирање и обуки на она за што биле склучени договорите за јавни набавки, со што за четирите економски оператори прибавил корист – право да учествуваат во постапките за јавни набавки и да склучат договори за истите и им овозможил да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 17.474.137,00 денари“, се вели во соопштението на Обвинителството. 

Воедно, првообвинетиот, како службено лице, го искористил службеното овластување, да склучува авторски договори со физички лица, иако знаел дека шесто и седмообвинетите воопшто не ги извршувале своите работни задачи согласно склучените договори, сепак им исплаќал месечни хонорари.

Второобвинетиот и шесто и седмообвинетите согласно договорот што го имале со првообвинетиот за поделба на паричните средства подигнувале дел од исплатените средства во готовина со цел да му ги предадат на првообвинетиот. Со овие дејствија е нанесена штета на Буџетот на Р.С.Македонија во вкупен износ од 1.320.000,00 денари.

Во временскиот период од 05.06.2017 година до 05.05.2021 година, во Скопје, првообвинетиот, пуштил во оптек пари во вкупен износ од 5.378.319,00 денари, за кои знаел дека потекнуваат од кривично дело, па со намера да го прикрие потеклото на паричните средства во повеќе наврати, откако ќе ги добиел парите од кривичното дело, ги пуштал во промет вршејќи готовинска уплата на сопствените сметки и банкарски картички и на сметките на членовите на своето семејство, а исто така предвремено ги исплатил претходно земените кредити.

Ценејќи дека околностите врз основа на кои на првообвинетиот и четврто обвинетиот им се определени мерки за обезбедување се непроменети и дека целта на куќниот притвор, определена од судија на претходна постапка, не би можела да се оствари со некоја друга мерка за обезбедување, предметниот обвинител со Обвинителниот акт достави и посебен предлог за продолжување на куќниот притвор спрема двете лица.

Исто така, со обвинителен акт согласно чл.118 ст.2 в.в со чл.120 од ЗКП, е предложено да биде определена привремена мерка за обезбедување на имотно – правно барање на износ од 5.050.000,00 денари, за сторената штета во вкупен износ од 18.794.137,00 денари што настанала поради извршување на кривичното дело, додаваат од Обинителството. 

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе