Со пари од ЕУ изградена судница во затворот Идризово и реновиран битолскиот затвор

Во затворот Идризово во Скопје е отворена нова судница, проект вреден 1,25 милиони евра од кои 975.000 се обезбедени од ЕУ. Вториот проект вреден 1,025 милиони евра од кои 750.000 се обезбедени од ЕУ е реновирање на затворот во Битола.

Како што соопштија од Делегацијата на ЕУ во земјава, и двата проекти се дел од ИПА 2 програмата, поддршка на правосудството.

На отворањето на судницата во Идризово присуствуваа министерката за правда Рената Дескоска, шефот на одделот за соработка во делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини и директото на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ.

„Новиот капацитет ќе овозможи безбедни услови за спроведување судења во рамките на затворот Идризово. Вкупниот буџет на проектот беше 1,25 милиони евра, а од нив околу 975.000 евра се обезбедени од ЕУ“, пишува во соопштението од делегацијата на ЕУ.

Проектот во затворот во Битола, пак ќе озвоможи подобрување на условите за притворените и осудените лица, и просторни и технички, според меѓународни и стандарди на ЕУ. Вкупниот буџет на овој проект беше 1,025 милиони евра, а од оваа сума 750.000 евра се обезбедени од ЕУ.

Исто така, ЕУ, преку проект имплементиран од Советот на Европа, обезбеди термометри, дезинфекциски средства и ракавици за Управата за спроведување санкции што ќе помогне за справување со заканата од ширење на ковид-19 во казнено-поправните установи во земјата.

 

 

 

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе