Со нови сведоци продолжува судењето за „Меѓународен сојуз“

Со сведочењето на лицата Јованка Кука и Лилјана Тодоровска, денеска треба да продолжи судењето за случајот „Меѓународен сојуз“. Судењето за овој предмет е во почетна фаза на изведување на вербални докази. На последното рочиште беа сослушени сведоците Агапи Дика и Јордан Камчев.

Судењето за овој предмет го води судијката Софче Ефремова, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Ивана Трајчевска.

Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на прво обвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за „измама и перење пари". Ременски е обвинета за „помагање во делото измама", Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари", Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари" и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје". Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе