Во модерно време на телекомуникации

Со месеци нема „ало ало“ во кумановскиот суд откако гром удри во близина на зградата

Гром го отсече од комуникација со граѓаните и медиумите Основниот суд во Куманово. Од оваа институција не можете да добиете информација телефонски, иако живееме во модерно време на телекомуникациските врски. Во близина на судската зграда кога имаше невреме и грмотевици, удрил гром и ја оштетил телефонската централа. Од тогаш, повеќе од 4 месеци услугата „ало, ало" во овој суд не функционира.

Редакцијата на МКД.мк за да се информира за предмет кој што го работевме, а се однесуваше на судска постапка која што ја води кумановскиот суд, уште во јули наиде на проблеми за добивање на податоци преку фиксниот телефон.

Откако со денови не успеавме да добиеме никого од судот, пративме мејл во кој ни беше одговорено дека во близина на судската зграда удрил гром, кој ја оштетил телефонската централа и таа од тогаш не е во функција.
По четири месеци повторно се обидовме да оствариме комуникација со овој Суд, но приказната беше иста како и претходно. Нема никој на фиксниот телефон, па повторно мејлови и повторно истиот одговор.

„Во однос на неможноста да остварите контакт на телефонскиот број кој се
наоѓа на официјалниот сајт на судот, повторно Ве известуваме дека при
последното невреме и удар на гром во близина на судската зграда
телефонската централа на судот претрпе оштетување и во моментот истата
не е во функција", ни одговорија денес од Основниот суд во Куманово.

Зошто никој не се обидел да го санира овој проблем и зошто така клучен објект од кој и граѓаните и медиумите имаат потреба од телефонски комуникации, за сега е нејасно. Се надеваме дека некој од надлежните ќе се информира за проблемот и дека во период на модерно електронско време, кумановци ќе добијат барем фиксен телефон во судот.

К.Д.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе