Со качулка на главата и покриено лице, Јанева е префрлена од Шутка во станот на нејзиниот син

Без да ѝ се види лицето, ниту пак рацете, „забарикадирана“ со качулка на главата, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева попладнево беше префрлена од Шутка во куќен притвор.

Мерката куќен притвор ќе ја издржува во станот на нејзиниот син во Центар, а таму беше префрлена со полициско комби. Не одговори на ниту едно од прашањата на новинарите, а им се обрати единствено на полицајците со зборовите „фатете ме за двете раце”, кога ѝ помагаа да слезе од комбето. 

Апелацискиот суд денеска донесе одлука да ѝ го замени притворот на Јанева со поблага мерка, куќен притвор, главно поради нејзината здравствена состојба, но и поради тоа што за неа веќе е поднесено обвинение. На Јанева ѝ е одземен пасошот, не смее да извади нов, а државата нема да смее да ја напушти ниту со лична карта.

Јанева во истражниот затвор во Шуто Оризари беше од 21 август годинава, кога беше уапсена како второосомничена за случајот „Рекет“. Таа неколкупати беше хоспитализирана во болницата „Жан Митрев“ поради проблеми со висок крвен притисок и анксиозност, по што ѝ беше пропишувана соодветна терапија и беше враќана во истражниот затвор.

Првото рочиште за „Рекет“ е закажано за 3 декември.

Фото: ТВ21

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе