Со изведување докази на одбраната продолжи судењето за „Меѓународен сојуз“

Во Основниот кривичен суд во Скопје со изведување на материјални докази предложени од одбраната денеска продолжува судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз”. Во овој предмет, освен основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица.

Случајот е во доказна постапка и го води судијката Софче Гаврилова Ефремовска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчевска.

Судот, во однос на предложените докази од одбраната, на почетокот соопшти дека ќе провери каде се наоѓа одземениот мобилен од Бојан Јовановски и дали во МВР е зачувана форензичка копија од податоците од телефонот и ќе побара да бидат доставени до судот. Што се однесува до останатите предложени докази, Судот информира дека извршил проверка и споредба дали и кои од предложените докази се изведени како докази од Обвинителството и дека прифаќа да бидат изведени само доказите кои не биле опфатени.

„На одбраната ѝ е дозволено да го користи, акцентира и поврзува дали во дел или целост, секој од изведените докази од Обвинителството“, појасни Судот.

Судот, како што објави МИА, исто така, го прифатил предлогот на одбраната како сведоци да бидат повикани и сослушани повеќе лица, меѓу кои Зоран Заев, Александар Кирацовски, Мила Царовска, Стефан Богоев, Наташа Петровска, Слободан Најдовски, Горан Сугаревски, Нина Старделова и Сефер Цаноски.

На почетокот на рочиштето Обвинителството реагираше во однос на предложените докази и побара од Судот да не се изведуваат материјални докази кои веќе биле изведени.

Одбраната, пак, укажа дека тие бараат да биде изведена целосната содржина на договорите, за кои претходно реагирале дека биле прочитани само насловите.

За случајот со невладината организација Меѓународен сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која, според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица. Обвинети се и Фросина Ременски, Христина Блажеска,  таткото на Боки 13-Миле Јовановски и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ и Блажеска за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе