Новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Абази, денеска даде заклетва пред Советот на јавни обвинители, а потоа во просториите на обвинителство ја презеде функцијата .
На примопредавањето на функцијата Абази и Русковска дискутирале за досегашната работа на Обвинителството и работата која претстои.
За нејзината понатамошна кариера, Русковска рече дека не размислува во овој момент за тоа со оглед дека има здравствени проблеми и треба да прави операција.
„Видовте како одам. Морам прво тоа да го средам и треба да одам на преглед, додека не се оперирам јас не размислувам за тоа што ќе правам понатаму. Ова ми е приоритет. Советот на ЈО што ќе одлучи јас не знам", рече Русковска.
Ислам Абази доаѓа на местото на Русковска откако на непосредните избори на 7 ноември, кои беа организирани според новиот Закон за јавно обвинителство, освои 66 гласа или само два повеќе од скопскиот обвинител Ермон Незири.