Ќе им се суди на Јанева, Јовановски и Милевски

Случајот „Рекет“ влегува во судница, судот го одобри обвинението на Русковска

Основниот кривичен суд во Скопје го прифати обвинителниот акт за случајот „Рекет" во кој осомничени се Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски, а кој го поднесе обвинителката Вилма Русковска. Од судот соопштуваат дека откако ќе биде оформен предмет, тој ќе биде распореден кај судија за натамошно постапување.

„Советот за оценка на обвиниителен акт на Основниот кривичен суд Скопје кој постапува по оценка на обвинителниот акт на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по приговорите на обвинителниот акт поднесени од Б.Ј., К.Ј. и З.М., на нејавна седница одржана денес без присуство на странките во постапката донесе решени со кое приговорите на осомничените се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост. Против ова решение, согласно одредбите до ЗКП, не се дозволува право на жалба", велат од судот.

Отткако по одобрениот обвинителен акт ќе биде оформен кривичен предмет истиот согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно
постапување, а штом ќе биде закажан термин за одржување на јавна главна
расправа, странките и јавноста ќе бидат известени, додаваат од судот.

 

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе