Одобрено обвинението за „Талир 2“

Случајот на СЈО со изградбата на белата палата наскоро во судница

Основниот кривичен суд во Скопје на јавна седница го одобри обвиненителниот акт за случајот „Талир 2" кој се однесува на незаконска изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ и го доставила до странките. По оценетиот обвинителен акт ќе биде формиран предмет кој согласно Акмис – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување ќе биде закажан и термин за главна расправа, соопштуваат од судот.

Истрагата за овој предмет беше отворена во рокот од 18 месеци што го имаше СЈО, но обвинението е поднесено по истекување на рокот, поточно на 22 ноември 2018 година.

Првото обвинение за „Талир" беше оценето на 11 јануари 2019 година, но сè уште не почнала главната расправа бидејќи рочиштата постојано се одложуваат. 

Во случајот „Талир 2" се обвинети Никола Груевски и Кирил Божиновски, кои, според СЈО, со злоупотреба на службената положба, овозможиле правното лице Бетон Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ , иако правното лице во времето на обезбедување на услугата имало склучено договори за јавни набавки со државни органи спротивно на законот за политички партии, законот за финансирање на политички партии и законот за облигациони односи.

Пред судот веќе се води постапка за предметот „Талир" за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ .

Според обвиненителниот акт од СЈО, обвинетите во „Талир" незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе