Случај „Тендери“: Третообвинетата не се појави во суд, ново рочиште на 15 јули

Рочиштето за случајот „Тендери” е одложено за 15 јули поради отсуство на третообвинетата Јулијана Угриновска. Инаку, за денеска беше најавено дека обвинителството и одбраната ќе почнат со своите завршни зборови.

Бранителот Сашко Дуковски, приложи доказ дека неговиот клиент не може да присуствува на денешното рочиште од здравствени причини.

Првообвинета во случајот „Тендери” e поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, а второобвинета е Лидија Лазарова-Цветковска.

Судењето за овој случај го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Стевчо Донев.

Според обвинението поднесено од поранешното СЈО, во временскиот период од јуни 2011 г. до 05.08.2011 г., во Скопје, првообвинетата Е.К.М. како службено лице министер и вработените во Министерството – службените лица второобвинетата Л.Л.Ц. како член на Комисијата за јавни набавки и третообвинетата Ј.У. како претседател на Комисијата за јавни набавки, со искористување на своите службени положби и овластувања, при вршење на јавни набавки, како соизвршители прибавиле за економскиот оператор ГТД Б. Ш. АД Ш. корист што се состои од незаконско повластување – фаворизирање за изведување на завршни градежни и градежно-занаетски работи на објектот Музеј на македонската борба за државност и самостојност – „Музеј на внатрешната македонска револуционерна организација и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим“ во Скопје.

 

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе