Случај „Плацеви на Водно“: И денеска извештаите на вештаците дадоа податоци против обвинителниот акт

Со изведување материјални докази од одбраната – стручен наод и мислење од вешто лице Кире Костов, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Плацеви на Водно“. Ова е второ вештачење на вештакот Костов, кој работи во областа на материјално, сметководствено и финансиско работење, што го изработил на барање на одбраната, а предмет на анализа бил преносот на сопственички удел од „Сирах лимитед“ на „Орка холдинг“ и дали тоа било согласно закон, како и со кои парични средства бил платен уделот.

И на денешното рочиште за случајот „Плацеви на Водно" судскиот вештак извести дека парите со кои Орка холдинг АД Скопје го купил уделот на Сирах лимитед Белизе биле обезбедени од сопствени средства на друштвото, односно, компанијата и коресподентските банки не побарале дополнителна анализа на овие трансакции бидејќи се работи за редовни трансакции на средства кои потекнуваат од законски извори.

Вештаците ангажирани од одбраната на Јордан Камчев ја потврдија неоснованоста на обвинителниот акт, а со тоа и на целото дејство кое им се наметнува на обвинетите.

Според стручниот наод на судските вештаци од областа на економијата и градежништвото се утврдува дека активностите се целосно основани и не постои никаков спорен момент или нешто кое на каков било начин посочува на незаконски активности, финансиски криминал со кој би бил оштетен буџетот на Македонија.

Откако не се добива дозвола за градба, иако земјиштето при купување се води како градежно, неизградено земјиште, се врши продажба на истото, а остварената добивка исто така е соодветно прокнижена и за истото е пресметано и платено данок на добивка, утврдил вештакот.

„Последниот договор помеѓу Лајф кеар сентер и Супертрејд во 2018 година каде Лајф кеар сентер се јавува во својство на продавач, а Супертрејд во својство на купувач врз основ на кој е издадена и платена фактура, данокот на додадена вредност од фактурата е пријавен во Управата за јавни приходи во законски предвиден рок со даночна пријава за ДДВ за конкретниот период, а на деловните односи кои се утврдени со тој договор извршена е и надворешна контрола од страна на Управата за јавни приходи РД Скопје за што е составен записник во кој е констатирано правилно и законито пресметан ДДВ, уредно пријавен во УЈП, во законски рок“, пишува во извештајот.

„На 25 октомври 2016 година во Централен регистар запишани се промени на основачот на „Систина лајв кеар центар" Скопје, со која истапил содружникот „Орка холдинг", а пристапиле „Камчев консалтинг" Скопје со удел од 870.675 евра и „Орка Фајненес" Скопје со влог од 428.840 евра. Продажбата е уредно евидентирана во сметководствената евиденција“, појасни вештакот Костов.

Со овие стручни наоди на вештаците, исто како и на вчерашното рочиште се потврдува неоснованоста на обвинителниот акт, а повеќе од јасно станува и причината зошто обвинителот, застапник на случајот Лиле Стефанова која покренува обвинение под сомневање за финансиски криминал, односно, незаконито финансиско дејство – перење пари, досега нема нарачано финансиско вештање за да го докаже истото, велат од одбраната на Камчев.

Дали некој ќе ја сноси одговорноста за покренувањето на овој неоснован обвинителен акт кој во друг правосуден систем би било срамно да постои без докази, а со тоа и одговорноста за сите судски ,,манифестации’’ кои нарачано ги спроведуваше обвинителката, и денеска прашаа од одбраната.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Лиле Стефанова.

Во случајот „Плацеви на Водно“ Груевски е првообвинет и му се суди во отсуство. Според обвинението, во периодот од јуни 2006 до октомври 2012 година, Груевски како лидер на партија наместо да прикаже пари како примени донации во ВМРО-ДПМНЕ, за себе прибавил 1,3 милиони евра (79.972.140 денари), а потоа ги пуштал во оптек и купувал парцели на Водно. Станува збор за земјиште на кое имало шума, а кое со промените во Генералниот урбанистички план (ГУП) било пренаменето во градежно. Покрај имотот на Водно, обвинението опфаќа и два стана во главниот град и две парцели во Крушево за кои обвинителството тврди дека се прикривал вистинскиот сопственик односно Груевски.

Во овој случај, покрај Груевски обвинети се бизнисменот Орце Камчев, неговата мајка Ратка Куновска-Камчева, Сашо Мијалков, Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе