Нова истрага на СЈО

Случај „Дизајн“: Јанакиески и Јанушев при набавката на кинеските автобуси го оштетиле Буџетот за 5 милиони евра

Миле Јанакиески, поранешниот министер за транспорт и врски и Игор Јанушев, актуелниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ се првоосомничените во новиот случај на Специјалното јавно обвинителство за злоупотреба на службената положба при набавката на двокатните автобуси од кинеската компанија Јутонг.

Четири лица, Јанакиески, Снежана Филиповска Павлеска како претседателка на Комисијата за спроведување на јавни набавки, Јанушев и Јулијана Јанкуловска Атанасова, како членови на комисијата при набавката на двокатните автобуси за град Скопје ги искористиле своите службени положби и овластувња и за компанијата Јутонг од Кина прибавиле корист, односно незаконско повластување – фаворизирање во постапката и склучување на договор за набавка на 202 двокатни автобуси, нанесувајќи штета на Буџетот на Македонија од 5 милиони евра, смета СЈО.

Јанакиевски како министер, се вели во информацијата на СЈО, поништил две постапки за јавна набавка на спорните автобуси на кои конкурирал Јутонг без да ги исполнува условите на тендерот. За да го фаворизира Јутонг, министерот повторно донел решение за набавка на 202 автобуси во кое, спротивно на чл.161 од Закон за јавните набавки, во критериумот економски најповолна понуда, покрај елементот цена и техничко функционални карактеристики го додал и елементот дизајн, елемент кој инаку не е предвиден во законот, и за истиот во огласот навел дека носи 20 бода.

„На огласот се јавиле два економски оператори, Јутонг од Кина и Кинг Лонг од Бугарија, по што осомничените (претседателот и членовите на комисијата), при разгледување на понудите, го фаворизирале економскиот оператор Јутонг, иако истиот не доставил сертификат за квалитет ИСО 9001:2000, туку доставил сертификат ИСО/ТС 16949:2002, а банкарската гаранција пак која ја доставил била издадена од Охридска банка АД Скопје, која не поседувала „Б" кредитен рејтинг (што било услов во тендерската документација).

Како комисија за спроведување на јавната набавка наместо да ја отфрлат ваквата понуда, тие продолжиле со евалуација на двете доставени понуди.

Понудата на економскиот оператор Кинг Лонг била второрангирана, поради тоа што истата не ги освоила потребните бодови за критериумот за елементот дизајн, иако истата била поефтина за 5 милиони евра од понудата на Јутонг.

Министерот Јанакиевски, бил должен да ја поништи постапката за јавна набавка поради битни пропусти во истата, меѓутоа тој тоа не го сторил, со што постапил спротивно на чл.169 од Законот за јавни набавки и на ден 14.04.2010 година склучил договор за купопродажба на автобуси со кинески Јутонг“, велат од СЈО.

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе