Реакција

Славче Трпески, поранешниот директор на Агенцијата за катастар: Не сум потпишал решенија за унапредување

Би сакал во целост да ги демантирам наводите изнесени во денешното соопштение на Министерството за внатрешни работи за поднесена кривична пријава против мене, и истите тие наводи со кои се алудира на некакво си противправно дејство од моја страна да ги оценам како неточни и невистинити, се вели во реакцијата на поранешниот директор на Агенцијата за катастар Славчо Трпески на соопштението на МВР.

„Најодговорно потврдувам дека ни сум изготвил, ниту сум потпишал ниту едно решение за унапредување на кој било државен службеник вработен во Агенцијата за катастар на недвижности, во перидот додека ја обавував функцијата директор на Агенцијата за катастар на недвижности.

Донесување на решенија за распоредување на државни службеници врз основа на законска обврска за усогласување со новиот Закон за административни службеници за кои се обезбедени согласности од Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација и Секретаријатот за рамковен договор, најнеспособниот директор во историјата на катастарот го пријавува како кривично дело за кое денес, на 11 Октомври државен празник министерството поднесува кривична пријава против мене.

Дека се работи за политичка хајка доволно е само да ве информирам дека денес од вас медиумите дознав за оваа кривична пријава, односно воопшто во изминатиов период МВР од мене не побара никакви изјави, документација или појаснувања за предметот кој го воделе.

Политичката хајка против мене е со цел да се покрие слабата работа на актуелното раководство на македонскиот катастар како и општата постреферендумска состоба во Републиката.

Актуелниот директор на катастарот Борис Тунџев спротивно на Законот за администрација унапреди повеќе од 50 раководни службеници. Тој го растури целиот професионален менаџерски тим обучуван од шведскиот и холандскиот катастар, тим кој го донесе катастарот да биде најдобар во регионот и 17 во свет. ИТ секторот е комплетно растурен со што се доведува во прашање Електронскиот катастар, а со тоа и сопственоста на граѓаните и хипотеките на банките. Директорот кој истовремено е и судски вештак го крши Законот за катастар на недвижности, Законот за избрани и именувани лица, Законот за спречување на судир на интереси и уште којзнае колку други закони, спротивно на законот ослободува граѓани и приватни фирми од плаќање на надоместоци. Со тоа директно го оштетува  буџетот, а се распишува тендер во висина од 260.000  евра за Адресен регистар со услови што ги исполнува само неговата фирма и фирмите на неговите бизнис партнери, а со барање да се собираат податоци за општина Кисела Вода. Овие податоци се веќе собрани и обработени со претходен тендер.

Се работи за многу други кривични дела за кое во деновиве што следат ќе поднесам кривични пријави до Јавното обвинителство. СДСМ без ниту еден доказ одлучи да прави политички прогон против лица докажани во својата струка и барани од светски меѓународни организации без ниту еден доказ сѐ со цел да се оттргне вниманието од актуелната политичка ситуација во земјата.

Со оглед дека со оваа кривична пријава неосновано се нарушува мојата чест и углед, ќе следуваат поднесување на кривични пријави за сите инволвирани лица, а за оваа политичка хајка ќе бидат за познати и сите меѓународни институции“, пишува во реакцијата на Славче Трпески.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе