Скопското обвинителство бара казна од по 2.000 за 19 прекршители на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против 19 лица кои не го почитувале полицискиот час.

Обвинетите, како што соопшти Обвинителството, не се придржувале до одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Македонија и за време на полицискиот час се движеле на различни локации во Скопје.

Обвинителството на надлежниот суд му предложи за сите обвинети да изрече парични казни од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе